Хроника Го признале делото

Mалолетници краделе компјутерски делови од училиште, со родителите завршија во полициска станица

Малолетниците во целост го признале кривичното дело, предметите се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Mалолетници краделе компјутерски делови од училиште, со родителите завршија во полициска станица

Денеска (20.11.2023) полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, по преземени оперативни мерки во СВР Битола повикале на разговор четворица малолетници, сите од с.Долно Оризари, битолско, во присуство на нивните родители.

Тие се сомничат дека извршиле “тешка кражба” на делови од компјутери од подрачното училиште „Даме Груев”, во с.Долно Оризари.

Малолетниците во целост го признале кривичното дело, предметите се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

To top