Денеска (05.01.2024), по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп на информативен разговор во Полициска станица повикале пет малолетници од Прилеп.
Тие се сомничат дека на 24.12.2023 околу 01:00 часот во централното градско подрачје во Прилеп физички го нападнале Д.Д.(46) од Прилеп и му одзеле чанта со повеќе лични документи и предмети. Предметите се пронајдени и вратени на оштетениот.
Исто така, тие се сомничат дека на 28.12.2023 околу 21:00 часот во централното градско подрачје во Прилеп физички го нападнале К.С.(19) и малолетник, а истиот ден на ул.„Борка Талески“ физички го нападнале и М.Т.(58), сите од Прилеп.
По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.