Хроника Пријави во полиција

Кучиња скитници напаѓаат луѓе низ цела Македонија: Каснати малолетничка и четири мажи

Кучиња скитници напаѓаат луѓе низ цела Македонија: Каснати малолетничка и четири мажи

На 20.11.2023 во 17.30 часот во Полициската станица Штип, Е.Н.(35) од Штип пријавила дека во Штип нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 20.11.2023, М.Н.(63) од Кичево во полициска станица пријавил дека на 18.11.2023 година, на ул.„Партизански одреди“ во Кичево, бил каснат од куче скитник. Истиот ден, С.Н.(67) од Кичево пријавил дека на ул.„Магистрален пат“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

На 20.11.2023 во 16.00 часот во СВР Ресен, М.Т.(61) од с.Асамати, ресенско, пријавил дека во индустриската зона во Ресен бил каснат од куче скитник.

На 20.11.2023 во 09.15 часот во СВР Битола, Р.Д.(38) од Битола пријавил дека во Градски парк бил каснат од куче скитник.

To top