Полициски службеници од полициското одделение во кичевското село Зајас околу 3 часот утринава го лишија од слобода Б.У.(46) од кичевското село Бачишта, на привремена работа во Австрија.
-Тој, претходно, на семејна веселба во истото село неовластено испукал повеќе куршуми од пиштол „Смит и Весон“, сопственост на неговиот татко Р.У.(64) од истото село, кој го поседувал со дозвола. Притоа, Е.Е.(33), М.Р.(57) и една малолетничка, сите од селото Бачишта, кои биле на веселбата, се здобиле со повреди и биле пренесени во Итната медицинска помош во Кичево, каде им биле констатирани тешки телесни повреди, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Димоски посочува и дека од Р.У. бил одземен пиштолот и 300 куршуми, кои ги поседувал со дозвола.
По целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави.