СВР Охрид поднесе кривична пријава против Л.У.(33) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.
-На 17.12.2024 во 03.25 часот во казино на булевар „Туристичка“ во Охрид, по претходна расправија, со остар предмет го нападнал Ж.Р. од Охрид и му нанел убодни рани, информира МВР.
По распишан локален распис и преземени мерки и активности, на 26.12.2024 во Струга, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга го лишиле од слобода Л.У., а судија на претходна постапка му определил мерка притвор во траење од 30 дена.