Хроника Филмска бркотница

Краделе дрва, па ги фрлале од возило за полицијата да не може да ги фати

Од возилото фрлале дрва и на тој начин ги спречиле службените лица да ги престигнат, односно да ги извршат службените задачи.

Краделе дрва, па ги фрлале од возило за полицијата да не може да ги фати

СВР Штип поднесе кривична пријава против Љ.Д.(44) и Б.Џ.(45), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

На 23.10.2023 во село Кошево, полициски службеници од СВР Штип, Шумска Полиција и ЈП Национални шуми – „Серта“ од Штип ги забележале пријавените со товарно возило во кое имало огревни дрва, по што тие со возилото се дале во бегство и притоа од возилото фрлале дрва и на тој начин ги спречиле службените лица да ги престигнат, односно да ги извршат службените задачи.

To top