Полициските екипи вчеравечер во нова акција со која е пресечен транспорт на дрога.
Како што дознаваме, екипи на Организиран криминал и САЕ Тигар околу полноќ кај Свети Николе во возило со швајцарски ознаки откриле околу 200 килограми марихуана.
Неофицијално, полициските тимови блокирале три возила од кои едно со швајцарски ознаки и две со македонски регистарски ознаки. Според нашите информации швајцарското возило било качено на македонско шлеп возило кое имало и претходница чистач на патот.

Според првичните неофицијални информации најверојатно веројатно се работи за организирана криминална група која делува на територијата на македонија и соседните земји.
Македонската полицијата во текот на овој месец спречува втор канал на транспорт на недозволена трговија со дрога, на почетокот на јануари беа откриени 10 килограми кокаин во специјално направен бункер во возило.