Хроника СВР Битола

Дрските измами продолжуваат: Старица дала сè што имала дома за да ја оперираат нејзината ќерка, таа не била ниту повредена

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и ја известило дека нејзината ќерка била повредена во сообраќајна несреќа, при што требало да се направи итна операција, за која требало да се плати.

Дрските измами продолжуваат: Старица дала сè што имала дома за да ја оперираат нејзината ќерка, таа не била ниту повредена

На 09.03.2026 во 15:50 часот во СВР Битола, 80-годишна битолчанка пријавила дека  била измамена од едно лице за сума од 150.000 денари, 150 евра, 1.300 австралиски долари, како и златен накит.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и ја известило дека нејзината ќерка била повредена во сообраќајна несреќа, при што требало да се направи итна операција, за која требало да се плати.

Како што е пријавено, откако се договориле, ги дала парите на лице позади зградата во која живее, а подоцна сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

Најнови вести од Хроника

To top