Хроника уште едно лице тешко повредено

Драма кај Дојран: Загина мигрант откако возач бегал од полиција, па излетале во провалија

Според кажаното од мигрантите, возачот на возилото, пред тоа да излета, ја отворил вратата и скокнал, по што се дал во бегство.

Драма кај Дојран: Загина мигрант откако возач бегал од полиција, па излетале во провалија

Мигрант од Сирија загина, а уште еден е поврденн синоќа во сообраќајна несреќа во близина на Дојран, соопшти полицијата.

Во близина на Дојран, синоќа околу 20 часот, патничко моторно возило „крајслер“, излетало во провалија. Тоа, откако претходно не застанало на дадена наредба за запирање од страна на полициски службеници на раскрсница „Смоквица“ и на влез во Валандово, продолжило со движење, зголемувајќи ја брзината, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– При извршениот увид, констатирано е дека во возилото се превезувале 11 лица, мигранти од Сирија. Од нив, едно лице починало на местото на настанот, едно лице е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош. На останатите лица им била укажана лекарска помош во Општа болница Гевгелија, по што биле сместени во Прифатно- транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка, појаснуваат од МВР.

Според кажаното од мигрантите, возачот на возилото, пред тоа да излета, ја отворил вратата и скокнал, по што се дал во бегство.

Увид бил извршен од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Валандово.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.

To top