Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акција за лишување од слобода на сторители на кривични дела на неколку локации низ државата, потврдија од МВР за Курир.
Според нашите информации се работи за полициска акција против мафијашките кланови. Со лисици на рацете завршиле најмалку 7 лица, членови на криминалните групи во Дуќанџик и Арачиново.
Неофицијално, пронајдени се пари и оружје.
Со акцијата се расветлуваат неколку познати во јавноста убиства, според информациите станува збор за најмалку четири случаи на кривично дело убиство меѓу мафијашките кланови.
За акциите кои се спроведоа изминативе денови и денеска, детали се очекува да даде министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кој закажа прес конференција во 15 часот.