Хроника попладнево

Четворица повредени во две различни сообраќајки во Скопје

Во две сообраќајки несреќи кои попладнево се случиле во Скопје, повредени се четири лица, информираат за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Четворица повредени во две различни сообраќајки во Скопје

Како што посочуваат од МВР, околу 14:30 на раскрсница од булевар „Србија“ и „Јане Сандански“ се случила сообраќајка во која учествувале „фолксваген“ и „ауди“. Во оваа собраќајка повредени се три лица.

Исто така, друга сообраќајна несреќа се случила околу 14:30 на булевар „В.С. Бато“ помеѓу „шевролет“ и товарно возило „ивеко“. Во оваа собраќајка со повреди се здобил едно лице.

To top