Хроника Скопје-Куманово

Четири лица повредени во сообраќајка, две од нив се деца

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Четири лица повредени во сообраќајка, две од нив се деца

На 30.03.2024 во 14:35 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово во близина на пешачкиот надвозник Маџари во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.Т.(41) од Скопје и патничко возило „митсубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(39) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.Т., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобиле В.П. и уште двајца нејзини малолетни сопатници, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

To top