Хроника

Автомобил удрил жена, тешки повреди и’ се констатирани на Клинички

Автомобил удрил жена, тешки повреди и’ се констатирани на Клинички

На 14.12.2023 во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„9 Мај“ во Скопје, патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ц.(67) од Скопје, удрило во М.Т.(74) од Дебар, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Т., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To top