На 22.06.2024 во 06.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, патничко возило удрило во мотоцикл „баотиан’ со штипски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(77) од Штип, по што возачот го напуштил местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и се работи на расчистување на случајот.