На 28.07.2024 во 03.00 часот во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода М.К.(28) од Охрид.
Тој бил затекнат при користење бела прашкаста материја, која се обидел да ја фрли откако ги забележал полициските службеници, по што и физички им се спротивставил.
Прашкастата материја била одземена и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.