На 21.12.2025 околу 09:10 часот на Граничен премин Ќафасан, полициски службеници го лишија од слобода Е.К.(53) од Република Албанија.
При пасошка и гранична контрола, тој на полицискиот службеник му дал поткуп, односно на бирото оставил пари, по што е лишен од слобода.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 358 од Кривичниот законик.