Хроника СВР Охрид

41 годишна жена се здобила со тешки повреди на работно место во фабрика во Охрид

СВР Охрид во соработка со трудовата инспекција, презема мерки за расветлување на настанот.

41 годишна жена се здобила со тешки повреди на работно место во фабрика во Охрид

На 13.03.2026 година во 01:21 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, со возило на Итната медицинска помош од Охрид, во Клиничкиот центар во Скопје, со тешки телесни повреди била донесена М.Д.(41) од Охрид.

Од преземените мерки, констатирано е дека М.Д. повредите ги добила на работно место во фабрика во Охрид од каде, најнапред била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид а потоа, поради сериозноста на повредите, префрлена на клиниката во Скопје, соопшти МВР.

СВР Охрид во соработка со трудовата инспекција, презема мерки за расветлување на настанот.

To top