Вести Каде и да си, за Бадник дома да си - не важи само за венко

Гринч од СДС праша: КАДЕ Е, ПОБОГУ, ВЕНКО?

Опциите се Дубаи, Гармиш, Грција, Аспен ли? 

Едно е сигурно, ценат граѓаните на соц-мрежите: Со Заев е, тоа е сигурно… 

За Бадник, еден Бедник е со другарчето, не со фамилија, велат други.

Најчестото прашање е: А, ќе се врати ли? За другарче прашувам…

Гринч од СДС праша:  КАДЕ Е, ПОБОГУ, ВЕНКО?

Каде и да си, за Бадник дома да си, вели македонскиот народ.

Државниот врв, политичари од власта и опозицијата, како и претставниците на сите верски заедници во Македонија упатија честитки по повод Бадник. Премиерот Мицкоски беше во повеќе скопски општини, каде на граѓаните од ранливите категории им делеше подароци за поубав дочек на  Бадник. Беше и во Црквата во Ѓорче Петорв, а упати и честитка до граѓаните од семејниот дом во Влае.

-Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.

„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

Истото го стори и претседателката Сиљановска Давкова.

„Од срце посакувам мирот божји да го завладее секој православен дом, исполнувајќи го со божјите добродетели. Рождеството Христово нè вдахновува со неизмерна љубов, потсетувајќи нè на давањето безусловена помош и утеха на сите на кои им се потребни“, вели Сиљановска-Давкова.

Истото го сторија сите македонски политичари од власта и опозицијата, како и сите верски лидери во државата.

Без адреса на честитката остана само Венко Филипче. кој последен пат е виден на аеродром во Венеција на 28 декември минатата година. Граѓаните со право се прашуваат: КАДЕ Е, ПОБОГУ, ФИЛИПЧЕ?

Тој или некој друг, сепак напиша на ФБ:

„Бадниковата вечер не потсетува на вистинските вредности кои нè прават подобри луѓе и посилно општество – солидарноста, грижата за ближниот и заедништвото.“

Дилемата е, од каде тоа Венко го посака?

Опциите се Дубаи, Гармиш, Грција, Аспен ли?

Едно е сигурно, ценат граѓаните на соц-мрежите:

Со Заев е, тоа е сигурно… 

Го црпнале во Дубаи, велат други.

Венко, трепни два пати, ако Зоче те киднапирал у 42-катницата брат! се мајтапат трети.

За Бадник, еден Бедник е со Другарчето, не со фамилија, велат четврти.

Филипче е новиот Гринч, им го украде Божиќ на СДС, фаќаат сеир граѓаните на сметка на пребеганиот „лидер“ на партијата на заминување.

Најчестото прашање е: А, ќе се врати ли? За другарче прашувам…

 

To top