Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува за цените на нафтените деривати.
Согласно последната одлука цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 0,50 ден/лит. Непроменети останаа цените на бензинoт ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1). Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголеми за 0,080 ден/кг.
Ова се актуелните цени на горивата:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 83,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)- 75,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС- 48,008 (денари/килограм)