Економија соопштение

СДСМ најави 500 евра просечна пензија

СДСМ има јасен, конкретен и издржан план за европска иднина преточен во новата изборна програма, се вели во партиското соопштение на владејачката СДСМ.

СДСМ најави 500 евра просечна пензија

СДСМ има јасен, конкретен и издржан план за европска иднина преточен во новата изборна програма, се вели во партиското соопштение на владејачката СДСМ.

Повисок животен стандард, европски плати и пензии се еден од клучните столбови на планот за европска иднина на Македонија. Во 2028 година минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари или 500 евра. Дополнително се предвида мерка- новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер во државата. Во изминатите седум години СДСМ покажа и докажа дека ги исполнува ветувањата и дека работи за доброто на сите. Просечната пензија порасна зголемивме за 6.400 денари, а минималната за 50%, истакнуваат од СДСМ.

Со воспоставената методологија пензиите контнинуирано растат. Со СДСМ пензиите ќе продолжат да растат, за достоинствен живот за пензионерите, додаваат од СДСМ.

Најнови вести од Економија

To top