Економија предвидувања

Познат експерт тврди: Не сте ни свесни што ќе се случи со Биткоин

Тон Веис, кој 10 години работел на „Wall Street“ за најголемите компании, е оптимистичен дека Биткоин ќе ги надмине сите очекувања во моменталниот пазарен циклус.

Познат експерт тврди: Не сте ни свесни што ќе се случи со Биткоин

Тон Веис, кој 10 години работел на „Wall Street“ за најголемите компании, е оптимистичен дека Биткоин ќе ги надмине сите очекувања во моменталниот пазарен циклус.

Веис неодамна на своите 122.000 претплатници на ЈуТјуб им сугерирал дека иднината на Биткоин е уште посветла од неговите претходни предвидувања за оваа година, известува „The Daily Hodl“ во среда на 6-ти март. Истакнал дека неодамнешното воведување на фондови со кои се тргува на брзиот пазар (EFT) би можеле да го поттикнат Биткоин на нови височини.

Според Веис, пробивањето на прагот од 84.00 до 85.000 долари ќе направи „многу тешко“ Биткоин повторно да падне под 65.000 долари. Предвидел дека Биткоин ќе ги изненади луѓето со својот раст, потенцијално достигнувајќи 355.000 долари до април 2027-ма.

„Мислам дека Биткоин ќе ги изненади луѓето бидејќи цена од 250.000 или 300.000 е разумна проекција“, рекол тој.

Инаку, оваа прогноза на Веис доаѓа по нестабилниот период за Биткоин. Неодамна го доживеа најстрмниот дневен пад од ноември 2022-ра година, и покрај тоа што на почетокот достигна нови врвови.

Претходно, во октомври 2023-та година, Ваис ги предупредил трговците на одржливоста на растот на Биткоин. И покрај значајниот пораст на вредноста, предупредил на претеран оптимизам, предвидувајќи повлекување во ноември. Неговиот моментален изглед сугерира на промена на расположението, одразувајќи ги потенцијалот за поодржлив тренд, пренесува „Jutarnji“.

To top