Економија и тоа е нешто

Повторно ќе се зголеми минималната плата, еве колку ќе изнесува

– Мерките што ги преземаме даваат резултат. Кажавме дека до крајот на годината ќе ја завршиме на висина со скоро исто ниво на инфлација како што имавме и пред кризата. 3.5% последната инфлација, последниот месец, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Повторно ќе се зголеми минималната плата, еве колку ќе изнесува

Во емисијата „Слободен печат“, Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи уште еднаш истакна дека владините мерки даваат резултат, а инфлацијата е на ниво како пред кризата.

– Мерките што ги преземаме даваат резултат. Кажавме дека до крајот на годината ќе ја завршиме на висина со скоро исто ниво на инфлација како што имавме и пред кризата. 3.5% последната инфлација, последниот месец, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Тој напомена и дека последниов месец има зголемување на цените во малопродажбата за само 1 процент, што укажува на минимална промена. Понатаму, Битиќи најавија зголемување и на минималната и на просечната плата, при што минималната плата во март ќе достигне 22.500 денари.

To top