Економија Намалување

Нови цени на горивата од полноќ, еве ја одлуката на РКЕ

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)  се намалуваат за 2,50 ден/лит.

Нови цени на горивата од полноќ, еве ја одлуката на РКЕ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,80% во однос на одлуката од 08.11.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,236%, кај дизелот за 3,669%, кај екстра лесното масло за 4,540% и кај мазутот намалувањето е за 3,128%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,38 2%

Од 11.11.2023 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин   ЕУРОСУПЕР БС – 95   81,00 (денари/литар)

Моторен бензин    ЕУРОСУПЕР БС – 98   83,00 (денари/литар)

Дизел гориво   ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)   78,00 (денари/литар)

Масло за горење    Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  77,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС   43,743 (денари/килограм)

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)  се намалуваат за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува и сега ќе изнесува 43,743 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.11.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Најнови вести од Економија

To top