Економија берза

Нов историски рекорд за јапонскиот индекс Nikkei

Јапонскиот индекс Nikkei во четвртокот достигна историски рекорд, по неочекувано добрите деловни резултати на американскиот производител на чипови „Nvidia“, кои го поттикнаа растот на азиските технолошки акции, а поттикнати од тоа зајакнаа и кинеските берзи.

Нов историски рекорд за јапонскиот индекс Nikkei

Јапонскиот индекс Nikkei во четвртокот достигна историски рекорд, по неочекувано добрите деловни резултати на американскиот производител на чипови „Nvidia“, кои го поттикнаа растот на азиските технолошки акции, а поттикнати од тоа зајакнаа и кинеските берзи.

Јапонскиот индекс Nikkei се зголеми за 2 отсто на 39.028, надминувајќи го својот претходен врв од 38.957 во 1989 година, по едногодишното зголемување на цените на акциите поттикнато од ниските вреднувања на акциите, корпоративните реформи и приливот на капитал на потклекнатиот кинески пазар на акции. Nikkei сега порасна за приближно 16,5 отсто од почетокот на годината, додека американскиот S&P и Nasdaq, на пример, пораснаа за околу пет отсто.

„За нас трговците, тоа означува нова ера. Се чини дека берзата ни кажува дека конечно избегавме од дефлација и дека се отвора нов свет“, veli Цутому Јамада, аналитичар во токиската инвестициска фирма „AU Kabucom Securities“.

Кинеските берзи и претпладнево пораснаа, предводени од акциите на компаниите кои користат вештачка интелигенција, по подобрите од очекуваните деловни резултати на „Nvidia“. Шангајскиот индекс е во плус 0,9 отсто, а хонконшкиот HSI за 0,84 отсто.

Сепак, и покрај подобрувањето на перформансите на кинеските берзи благодарение на низата мерки на монетарната политика, расположението на инвеститорите останува кревко и ќе остане така додека не стане видливо закрепнувањето на втората по големина светска економија.

„Странските инвеститори генерално остануваат внимателни. Тие веруваат дека неодамнешното закрепнување главно се должи на лошите резултати во пресрет на Лунарната нова година“, велат аналитичарите на UBS, додавајќи дека дефлацијата во Кина и проблемите со секторот за недвижнини остануваат причини за загриженост.

Индексот MSCI на азиските берзи во пртпладневното тргување во четвртокот порасна за 0,29 отсто, поддржан од растот на цените на технолошките акции.

Најнови вести од Економија

To top