Економија Промо комерцијална објава

Јавниот повик се уште тече, Владата веќе донела одлука за избор на универзален снабдувач со струја!?

Владата одлучила ЕВН повторно да биде избрана за Универзален снабдувач на електрична енергија за граѓаните и малите домаќинства, тврдат неофицијално добро упатени извори во постапката за А1он.

Јавниот повик се уште тече, Владата веќе донела одлука за избор на универзален снабдувач со струја!?

Владата одлучила ЕВН повторно да биде избрана за Универзален снабдувач на електрична енергија за граѓаните и малите домаќинства, тврдат неофицијално добро упатени извори во постапката за А1он.

Ако се вистинити, овие  информации фрлааат сомнеж дека одлуката за избор на Универзален снабдувач, ќе биде политичка, ако се земе предвид дека процесот за прибирање понуди се уште е во тек и завршува на 12 ти јануари.

Доколку се анализираат критериумите во однос на претходниот јавен повик од пред пет години, може да се види дека сегашните услови се далеку поригорозни од претходните. На пример, еден од условите  е понудувачите да имаат обезбедено работен капитал во вредност од 40 милиони евра.

Инаку, освен ЕВН Хоум, интерес за учество на тендерот за  Универзален снабдувач на струја, пројавиле и грчки и бугарски компании. Но, најсериозна конкуренција на овој повик доаѓа од компанијата  ЕДС, зад која стои грчката ППЦ која пак има годишни приходи од близу 11 милијарди евра и има свои претставништва во повеќе земји низ југоисточна Европа.

Владата на 11 декември го објави јавниот повик за  Универзален снабдувач кој ќе ги снабдува домаќинствата и малите потрошувачи со струја, а петгодишниот договор со ЕВН Хоум истекува следната година. Оваа компанија на 1 јули 2019 беше избрана за универзален енергетски снабдувач на струја, со понуда за маржа од 11,5 проценти.

Министерот за економија Крешник Бектеши веќе најави дека на сегашниот  повик за универзален снабдувач за  електрична енергија, од компаниите што конкурираат ќе се бараат помали профитни маржи од сегашната  која изнесува 11,5 проценти. Според Бектеши, ваквото барање ќе придонесе да се намали цената на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи. Но, тоа може да се случи само доколку ЕВН Хоум има вистинска конкуренција на јавниот повик, кој ќе овозможи фер услови за учество на повеќе компании кои ќе понудат помала профитна маржа од 11, 5 проценти.

Аналитичарите во енергетскиот сектор се согласни дека со зголемениот интерес за учество на повикот за Универзален снабдувач на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, ќе се овозможи здрава конкуренција и намалување на маржата за снабдувачот, а тоа на крај би резултирало со пониски цени на електричната енергија за граѓаните, посебно во време кога цените на електричната енергија постојано одат во нагорна линија.

To top