Економија Агро-бизнис комора

Ѓорѓиевски: Цената на лебот ќе остане иста

Предвидувањата на бизнисот се дека доколку има поскапување на нафтата поради војната на Блискиот исток, ќе има повисоки цени.

Ѓорѓиевски: Цената на лебот ќе остане иста

Воените конфликти може да предизвикаат ново поскапување на лебот. Според Агро комората во моментов цената е стабилна и останува иста, но дали во Македонија ќе се пече поскап леб ќе зависи од цената на нафтата која во моментов на светските берзи стигна и до 90 долари за барел, како и од цената на житото по жетвата во Украина.

Предвидувањата на бизнисот се дека доколку има поскапување на нафтата поради војната на Блискиот исток, ќе има повисоки цени.

-Секогаш понудата и побарувачката треба да ја одредуваат финалната цена, секогаш застануваме зад тоа. Цената на лебот ќе остане иста, стабилна е. Сега, не знаеме што ќе се случува во однос на војната која директно се рефлектира на цената на нафтата. Исто така не знаеме што ќе се случува во Русија и Украина со производството на жито. Повеќе параметри се варијабли кои влијаат на финалната цена, вели Горан Ѓорѓиевски од Агро-бизнис комора.

Не само цените на светските берзи туку и висината на платите ќе има влијание на цените во претстојниот период, а од друга страна бизнисот претрпел големи загуби во текот на изминатите две години.

Според комората, фокусот треба да биде на раст на домашното произоводство и на растот на економијата кој во 2023 беше само 1 отсто.

Според ССК повисоките цени на одредени производи се логични затоа што Македонија е увозно ориентирана земја.

Прилогот на ТВ Алфа погледнете го во продолжение

Најнови вести од Економија

To top