Економија

До почетокот на декември, владата ќе исплати К-15

Потсети дека согласно Законот се потребни минимум шест месеци работен стаж за да се оствари право на К-15 и посочи дека исплата по тој основ ќе се овозможи на поголем број граѓани кои во меѓувреме ќе се стекнат со работно место.

До почетокот на декември, владата ќе исплати К-15

Околу 83 до 84 илјади вработени чии што работодавач е Владата ќе добијат К-15 на крајот на ноември или почетокот на декември, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски прашан дали на наставниците ќе им биде исплатен регрес за годишен одмор.

-Да, иако тоа во основниот буџет не беше предвидено, во ребалансот на буџетот се предвидени околу милијарда денари за исплата на К-15 која што е законска обврска на сите работодавачи и оваа законска обврска Владата како работодавач најголем има намера да ја заврши некаде кон крајот на ноември, почетокот на декември, рече Мицкоски.

Потсети дека согласно Законот се потребни минимум шест месеци работен стаж за да се оствари право на К-15 и посочи дека исплата по тој основ ќе се овозможи на поголем број граѓани кои во меѓувреме ќе се стекнат со работно место.

Во однос на барањето на синдикатите за средба за зголемување на минималната плата, рече дека се подготвени да разговараат со сите врз основа на реалните можности на Буџетот.

Подготвени сме, посочи, да организираме средба и со синдикатите и со работодавачите и сите заедно да најдеме решение.

– Убеден сум дека сите ние имаме заеднички интерес – да успее Македонија. Ако сите се водиме од овој заеднички интерес тогаш убеден сум дека ќе најдеме решение, рече Мицкоски, на новинарско прашање при посетатата на ОУ „Стив Наумов“ по повод почетокот на учебната година.

To top