Вести

Де Роси: Не побарав пари од газдите на Рома

Де Роси: Не побарав пари од газдите на Рома

Даниеле Де Роси експресно го наследи Жозе Мурињо и во само еден час успеа да се договори со челните луѓе на Рома, браќата Дан и Рајан Фридкин.

Рома ќе мора да го обесштети Мурињо поради предвремениот раскин на договорот, но Де Роси не правел никакви проблеми и обелоденува дека ќе го води тимот за симболична сума.

– Бев јасен кон газдите. Им реков да го напишат износот на пари кој можат да го платат, а јас веднаш ќе прифатам. Побарав да добијам бонус ако успееме да се пласираме во Лигата на шампионите. Нема да имам многу вакви шанси во кариерата, навистина сакам да ја искористам. Во договорот не постои клаузула за автоматско продолжување на договорот, едноставно е, договорот е во времетраење од само шест месеци, – открива Де Роси.

Најнови вести од Вести

Теми на денот

To top