Вести „две држави“ за мирен соживот

Бербок: ЕУ мора да работи на принципот „две држави“ за надминување на израелско-палестинскиот конфликт

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок на денешната средба во Брисел на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ истакна дека Унијата мора да работи на принципот „две држави“ за надминување на израелско-палестинскиот конфликт.

Бербок: ЕУ мора да работи на принципот „две држави“ за надминување на израелско-палестинскиот конфликт

Таа истакна дека „две држави“ би обезбедило мирен соживот на израелска и палестинска држава, како и оти „нема друго решение“ за израелско-палестинскиот конфликт.

– Сите оние кои не сакаат ниту да слушнат за такво решение, не понудија никаква алтернатива, посочи Бербок.

Таа повторно повика на итен „хуманитарен прекин“ на борбите во Појасот Газа.

Францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурне изрази надеж дека ЕУ наредните денови ќе воведе санкции за израелските доселеници кои вршат насилство врз Палестинците во Западниот Брег.

Додека шефот на белгиската дипломатија Хаџа Лабиб истакна дека конфликтот нема да биде решен со оружје и оти мора да прекине насилството.

Најнови вести од Вести

To top