Ракометната селекција на Македонија уште во првата фаза ги заврши своите настапи на Европското првенство во Германија. Покрај нашиот состав, од групата А куферите ги спакуваа и ракометарите на Швајцарија, а токму меѓусебниот дуел на Македонија и Швајцарија кој се одигра во вторникот беше посебен за Енди Шмид.
Легендата на швајцарскиот ракометен призна дека тешко го поднел поразот од нашиот национален тим.
Плачев три и пол минути. Затоа тагата е веројатно мало потценување. Морам да одам дома и да ги соберам мислите. Имам семејство и потоа ќе одлучам дали ова можеби ќе биде мојот последен натпревар, изјави Шмид.
Дотолку потрагичен е фактот што во самата завршница токму нему му падна топката од рака, а Македонија од контра погоди за водство од 28-27.
Сега знам дека нема ракометен бог. Ако некој ракометен бог го гледаше натпреварот, ќе нѐ остави да победиме, додаде Шмид.
Шмид против Македонија даде 12 погодоци и стана рекордер по бројот на голови во Швајцарија, бидејќи дојде до бројката од 1.094 во националниот дрес, надминувајќи го Марк Баумгартнер кој остана на еден помалку.