Репрезентацијата на Шведска славеше уште еднаш на Олимпискиот турнир кај дамите, овојпат над Германија со 31-28.
Голманката на Шведска, Јоана Бундсен, забележа 17 одбрани и беше нерешлива енигма за германските ракометарки, а најдобар стрелец кај Шведска беше Карлсон со седум гола.
Во германскиот состав се истакнаа Бехред, Маидхоф и Гријселс со по пет погодоци.
Триумфот на Словенија над Кореја од 30-23 е првиот на Олимписките игри во деби настапот на оваа големо натпреварѕвање.
Најдобри стрелци во победничката репрезентација беа екс вардарката Мавсар со седум, како и Станко и Грос со по пет гола, а Војновиќ забележа 14 одбрани.