Ракомет

Нова пауза поради повреда за Михаел Хансен

Нова пауза поради повреда за Михаел Хансен

Данскиот ракометар Микел Хансен повторно ќе замина на пауза од ракометот. Станува збор за повреда на препоните и уште не е познато колку долго ќе треба да отсуствува од ракометните  терени.

Данскиот репрезентативец и еден од најдобрите светски играчи во изминатата деценија пред само две недели гостуваше во Битола и беше преплавен од приврзаници во нашата земја. Неговиот Алборг веќе обезбеди директен пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а до почетокот на плеј-офот во данскиот шампионат остануваат уште три кола од главниот дел, така да ова е идеален период за лекување на препони.

Минатата сезона Хансен го пропушти вториот дел од сезоната поради презаситеност од ракометот.

Теми на денот

To top