Ракомет најавува

Хансен: Го играм последното Европско првенство

Хансен: Го играм последното Европско првенство

Еден од најдобрите ракометари на сите времиња Микел Хансен, веќе размислува за репрезентативна пензија.

Ракометарот на Алборг нешто помалку од две децении е дел од една од најмоќните ракометни селекции во светот, а во интервју за „Др Спортен“ истакна дека ЕП во Германија најверојатно ќе биде негово последно Европско првенство во кариерата.

Иако има 36 години Хансен сè уште „испорачува“ на високо ниво и за клубот и за репрезентацијата, но и покрај тоа е свесен дека се ближи рокот кога ќе мора да каже крај.

„Долго време размислувам на оваа тема. Но, сега може да кажам дека најверојатно ова е моето последно Европско првенство со Данска“, рече Хансен.

Теми на денот

To top