Македонските ракометари вчера загубија од Франција со 29-39, а попладнево со воз пристигнаа од Дизелдорф во Берлин каде ќе ги продолжат настапите на завршниот турнир чиј домаќин е Германија.
Следен противник на избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе биде домаќинот, в недела со почеток во 20:30 часот во „Мерцедес – Бенц Арена“ во Берлин‘, а во истата сала, на 16 јануари, ќе играат против Швајцарија во завршното коло во групата А.
Германија вчера пред рекорден број од 53.586 гледачи во Дизелдорф ја совлада Швајцарија со 27-14.
Пласман во следната фаза од Групата А ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации.