Селекторот Кирил Лазаров за двомечот проитв Романија нема да може да смета на услугите на Филип Кузмановски, Ненад Костески, Павле Атанасијевиќ и Томислав Јагуриновски, а неизвесен е настапот на Милан Лазаревски.
Натпреварите против Романија се на програмата на 15 и 16 март во Браила.
Македонските ракометари со пресметките проитв романската селекција воедно ги стартуваат завршните подготовки за мајскиот бараж против Фарските острови за пласман на Мундијалот 2025.