Ракомет лесна победа

Лесна победа за Вардар против Мулти Есенс

Тимот на Вардар стигна до нова победа во домашната Суперлига откако вечерва лесно го совлада Мулти Есенс со 23:40.

Лесна победа за Вардар против Мулти Есенс

Тимот на Вардар стигна до нова победа во домашната Суперлига откако вечерва лесно го совлада Мулти Есенс со 23:40.

Од самиот старт „црвено-црните“ тргнаа фуризно и веќе по половина од првиот дел имаа предност од пет гола (5:10). Предноста на Вардар во продолжение само се зголемуваше, а на паузата избраниците на Недановски веќе водеа со 11:20.

Во второто полувреме Мулти Есенс во ниту еден момент не се доближи посериозно, па вардарци лесно стигнаа до нов убедлив триумф.

Најефикасен кај Вардар беше Милан Лазаревски со седум гола, додека во редовите на Мулти Есенс Валентин Карасманакис постигна осум гола.

To top