Ракомет

Лазаров: Млади и перспективни ракометари ќе добијат минутажа и ќе стекнат искуство за тоа што ни следи во блиска иднина

Селекторот на машката ракометна репрезентација Кирил Лазаров го најави почетокот на собирот и нагласи дека често ќе се консултура со лекарската служба за да го креира тимот.

Селекторот Кирил Лазаров го најави почетокот на собирот и нагласи дека често ќе се консултура со лекарската служба за да го креира тимот.

„Млади и перспективни ракометари ќе добијат минутажа и ќе стекнат искуство за тоа што ни следи во блиска иднина. Романија е квалитетна репрезентација, има промена на селекторот и очекувам мотивиран противник.

Играме на романско тло и добро е нашите момци да се навикнуваат да играат на гостински терен. Барав како селектор оваа ЕХФ недела да ја искористиме и да играме во гости, затоа што и првиот натпревар против Фарски Острови го играме во гости. Хендикепирани сме затоа што повеќе од носителите не се со нас. Треба да утврдиме како е Милан Лазаревски, Утрово во телефонски разговор ми потврди дека добро се чуствува. Шанса ќе добијат млади играчи и добро ќе ни дојдат овие два натпревари. 

Засега остануваме седумнаесет играчи, размислувам за уште едно-две нови имиња, но ќе одлучам по денешниот тренинг“, рече Лазаров.

Двата натпреари меѓу Романија и Македонија ќе се одиграат на 15 и 16 март во градот Браила и ова ќе биде одличен тест за нашите момчиња пред бараж-дуелот за пласман на Светското првенство, каде Македонија ќе се соочи со незгодната селекција на Фарските Острови.

Романија е квалитетна репрезентација, има промена на селекторот и очекувам мотивиран противник.

To top