Ракомет список

Лазаров го скрати списокот за ЕП, отпадна еден ракометар

Македонската ракометна репрезентација интензивно се подготвува за настапот на Европското првенство, а селекторот Кире Лазаров ја повлече и првата одлука околу составот што ќе патува на континенталниот собир.

Лазаров најави дека Македонија на ЕП ќе настапи со 19 ракометари, а првиот што отпадна од поширокиот список е Томислав Јагуриновски. Ракометарот веќе ги напуштил подготовките и се врати во редовите на својот клуб, Охрид.

До почетокот на Европското првенство, македонската селекција ќе има и проверка на меѓународен турнир во Швајцарија, каде ќе ги одмери силите со репрезентациите на Бахреин и Украина.

Европското првенство за Македонија стартува на 16 јануари, а „црвено-жолтите“ ќе се натпреваруваат во силна група заедно со домаќинот Данска, Португалија и Романија.

To top