Ракомет

Кузмановски: Веруваме во системот на селекторот

Кузмановски: Веруваме во системот на селекторот

Мечот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје се играше пред публика, која имаше шанса да ги поздрави ракометарите пред настапот на континенталниот собир. Во име на тимот по тестот со „хелените“ говореше Филип Кузмановски.

„Среќен сум што сме здрави, со исклучок на Пешевски и Маркоски, со кои денес не ризикувавме. Припремите во Стара Пазова беа напорни, како тактички, така и физички. Сега сме спремни и покажавме против една добра селекција како Грција. Има некои сегменти кои треба да ги подобриме, утре ќе испробаме уште некои детали кои ги трениравме во овој период. 

Чест и задоволство е да играте за Македонија. Групата е тешка, но ние одиме до крај. Франција е фаворит за медал, ќе играме против нив на стадион и очекувам многу наши луѓе на трибините. Веруваме во системот на селекторот и тој наш квалитет ќе излезе на виделина“, изјави Филип Кузмановски.

Теми на денот

To top