Ракомет

Македонија со група по мерка во квалификациите за пласман на ЕП 2026

Македонија со група по мерка во квалификациите за пласман на ЕП 2026

Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за пласман на Европското првенство во 2026 година.

Нашите најдобри ракометари ќе играат во квалификациската група „1“ со репрезентациите на Словенија, Литванија и Естонија.

На ЕП одат првите две од групата,и четири најдобри третопласирани од осумте квалификациски групи.

Натпреварите од евроквалификациите ќе стартуваат во октомври 2024 година, а потоа ќе има уште два термини во март и мај 2025 година.

To top