Ракомет ракомет

Јакобсен: Не сум љубител на сребрени медали!

Репрезентацијата на Данска не успеа да го освои златото на Европското првенство во Германија, откако во финалето загуби на продолженија од Франција со 33:31.

Актуелниот светски првак посакуваше европско злато, но „триколорите“ беа за нијанса подобри во продолженијата.

Селекторот на Данска, Николај Јакобсен, по загубната битка со Франција го анализираше поразот и истакна дека не е љубител на среброто.

,Не сум љубител на сребрените медали. Ова беше навистина еден тежок натпревар, се играше на едно високо ниво и двете репрезентации играа многу добро. Клучно е кога имате свои шанси, а не ги искористувате, поради тоа сега сме разочарани и тажни. Денес имавме свои шанси кои не ги искористивме и затоа Франција победи. Француската репрезентација беше малку подобраод нас во последните десет минути, изјави Јакобсен.

To top