Германија ја оправда фаворитската улога против Хрватска, славеше со 31-28 и се пласираше во финалето на ЕП каде ќе игра против подобриот меѓу Данска и Исланд.
Поразениот пак од оваа втора полуфинална двојка ќе игра за бронзениот медал против Хрватска.
Германија после 10 години се враќа во финалето на ЕП, последен пат играше во 2016 година кога освои и златен медал.
Зербе со шест гола беше прв стрелец, ист број на голови на другата страна имаше Мандиќ.