Спортистите кои ќе бидат одликувани со одличја на Зимските Олимписки игри (ЗОИ) 2026 ќе ги добијат најскапите медали во олимписката историја, што се должи на континуираниот раст на цената на скапоцените метали.
Од последните Олимписки игри, чиј домаќин беше Париз во јули 2024 година, цените на златото и среброто се зголемија за 107, односно 200 проценти.
Како резултат на тоа, металната вредност на златниот медал сега изнесува околу 2.300 долари, што е повеќе од двојно споредено со вредноста за време на Летните игри во Париз. Металната вредност, пак, на сребрениот медал достигнува речиси 1.400 долари, или околу тројно повеќе од пред две години.
Сепак, според востановената традиција, почнувајќи од Игрите во Стокхолм во 1912 година, златните олимписки медали не се изработуваат од чисто злато.
Според достапните податоци, златниот медал содржи околу шест грама чисто злато од вкупна тежина од 506 грама, а остатокот е сребро. Сребрените медали се изработени од сребро со соодветна чистота,
На ЗОИ 2026 Милано – Кортина, кои вечерва свечено ќе бидат отворени, ќе бидат поделени повеќе од 700 медали.
Процесот на нивната изработка, дизајн, приказната зад изгледот може да ги видите во видеото ТУКА.