Останати спортови олимписката шампионка закрепнува

ВИДЕО: Линдзи Вон објави снимка од болница, еве каков третман добива од блиските

Вон е олимписка шампионка во спуст во 2010 година, двократна светска шампионка и четирикратна шампионка на Светското првенство. 

ВИДЕО: Линдзи Вон објави снимка од болница, еве каков третман добива од блиските

Карин Килдоу, сестрата на американската алпска скијачка Линдзи Вон, изјави дека атлетичарката напредува во закрепнувањето од повредата на Олимписките игри во 2026 година и се подготвува да се врати дома во Соединетите Американски Држави.

На 8 февруари, Вон тешко се повреди за време на спустот на Зимските олимписки игри 2026 во Италија. Четириесет и едногодишната скијачка скрши нога и беше подложена на четири операции. Таа во болница остана до 15 февруари.

– Беше тешко време, многу време во болница. Но, таа е супер силна, иако имаше многу операции. Работиме на тоа да ја вратиме во САД., изјави Килдоу за „TMZ Sports“.

Вон се огласи на социјалните мрежи каде објави снимка од случувањата во болничката соба. Блиските се до неа, а скијачката покажа како и ја мијат косата во болница, се забавуваат, прават фризури и се смеат. Со позитивна енергија до подобар здравствен напредок.

-Благодарнa сум на пријателите, семејството, мојот тим и целиот медицински персонал што ме враќаат кон себе… Полека се враќам во живот, кон основите и кон едноставните работи во животот што најмногу значат. Насмевка. Смеење. Љубов, напиша Вон на социјалните мрежи.

Сестрата на Вон, исто така, одговори на критиките кон скијачката за тоа што пристигнала на Олимписките игри со повреда – Американката претрпе скинат преден вкрстен лигамент (ACL) на Светското првенство една недела пред Игрите.

– Секој ќе има свое мислење, но таа е силна и го направи тоа, додаде Килдоу.

Вон е олимписка шампионка во спуст во 2010 година, двократна светска шампионка и четирикратна шампионка на Светското првенство.

To top