Останати спортови

Новиот болид на Ферари е насловен како SF-24

Новиот болид на Ферари е насловен како SF-24

Ферари одлучи името на болидот за 2024 година да биде SF-24. Информацијата ја потврди италијанскиот тим. SF е преземено од Скудерија Ферари, а 24 е поради годината 2024.

Индекс од овој формат Ферари го користи од 2015 година за да избере име на автомобил. Единствен исклучок беше сезоната 2022 година, кога во чест на 75-годишнината на компанијата автомобилот го доби името F1-75.

Презентацијата на новиот болид на Ферари е закажана за 13 февруари.

To top