Останати спортови

Машката и женската јуниорска репрезентација во јануари во квалификации за ЕП 2024

Машката и женската јуниорска репрезентација во јануари во квалификации за ЕП 2024

Одбојкарската федерација на Македонија ги пријави машката и женската репрезентација за играчи до 18 години во циклусот квалификации за ЕП во 2024 година.

Натпреварите ќе се играат турнирски, а периодот на одигрување ќе биде на самиот почеток на 2024 година.

Машката селекција до 18 години ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир во Струмица во рамките на 1. коло, кој ќе се одржи во периодот од 18 до 21 јануари во салата „Парк“.

Покрај Македонија, на овој квалификациски турнир ќе настапат и селекциите на Грција и Косово кои е во нашата група „А“. Во рамките на втората група се Србија, Турција и Романија.

Квалификациите во женска конкуренција ќе се одржат во Софија, Бугарија, а нашите јуниорки ќе бидат во група заедно со селекциите на Турција и Србија. Квалификацискиот турнир во Софија е закажан од 17 до 21 јануари.

To top