Останати спортови

Мареј: Ова може да е последен мој настап во Австралија

Мареј: Ова може да е последен мој настап во Австралија

Британскиот тенисер Енди Мареј доживеа непријатен пораз уште во првото коло на Австралија Опен откако загуби од Томас Мартин Ечевери со 3-0, а по мечот прилично емотивно најави дека ова за него би можел да биде последен настап на АО.

„Се обидов да ги сокријам моите емоции и да се фокусирам на мечот, но не успеав. Кога сте на еден поен пред пораз, не можете да поверувате дека така сѐ така бргу ќе заврши. Имав тешки мечеви минатата година, но тука морав многу подобро. Чувството кога го напуштате теренот после пораз е навистина тешко.

Со оглед на годините и мојата форма, мислам дека ова би можел да биде последен мој настап на Австралија Опен. Секако јас би сакал да не е така, но одлуката не зависи само од моите лични желби. Имав многу прекрасни моменти овде и сакам во топол спомен да ги сочувам сите успеси“, изјави Британецот.

To top