Останати спортови лош старт на сезоната за британецот

Мареј: Ниту една серија порази нема да го промени она што го постигнав кога бев во добра форма

Британскиот тенисер Енди Мареј изјави дека нема да се откаже и покрај неуспешниот почеток на сезоната 2024 година.

Мареј: Ниту една серија порази нема да го промени она што го постигнав кога бев во добра форма

– Најлесната опција за мене би била да се пензионирам, но продолжувам затоа што го сакам тенисот и сакам да тренирам. Несомнено е тешко да се натпреваруваш во моментов. Но, ова што се случува сега не влијае на мојата кариера. Ниту една серија на загубени натпревари нема да го промени она што го постигнав кога бев во добра форма, кога двата колкови ми беа во ред. Но, кога не можете да победите, ја губите и самодовербата, изјави Мареј за „Sportskeeda“.

Триесет и шестгодишниот Британец вчера загуби од Чехот Томаш Мачац во два сета во мечот од првото коло на турнирот во Марсеј (5:7, 4:6). Постави личен негативен рекорд по порази, губејќи во шестата средба по ред.

Претходно, на Грен слемот Австралија опен, Мареј во првото коло беше поразен од Аргентинецот Томас Мартин Ечевери.

To top