Останати спортови

Лара Гут-Бехрами победи на велеслаломот во Солдеу

Лара Гут-Бехрами победи на велеслаломот во Солдеу

Швајцарската скијачка Лара Гут – Бехрами стигна до нова победа во сезоната во Светскиот куп откако славеше на велеслаломската трка во андорскиот ски-центар Солдеу.

Швајцарката која беше дури деветта по првата трка до победата стигна со вкупно време од 1:59.27 минута, што беше за само еден стоти дел од секундата подобро од второпласираната Алис Робинсон од Нов Зеланд. Подиумот го надополни Американката Еј Џеј Харт.

Со оваа победа Лара Гут Бехрами го презеде врвот во генералниот пласман и сега има пет бода повеќе од Микаела Шифрин која поради повреда ќе го пропушти и овој викенд во Светскиот куп.

To top