Останати спортови

Карате клуб Штип од денеска почнува со олимписко таеквондо

Карате клуб Штип од денеска почнува со олимписко таеквондо

Најдобриот Карате клуб во Македонија, Карате Кклуб Штип од денес почна да тренира олимписко таеквондо.

Тренерите Сашко и Жарко Арсовски веќе подолг период вредно ги проучуваа таеквондо принципите, за од овој ден официјално почнат да го практикуваат овој убав фулконтактен боречки спорт таеквондо.

-Станува збор за исклучително успешни тренери во карате, со врвни спортски резултати. Вредни и посветени спортски работници за кои веруваме дека успешно ќе работат до олимписки медал во таеквондо. Голема благодарност до градоначалникот на Штип, Иван Јорданов за несебичната поддршка која ја дава за овој проект вистински да успее , објави Дарко Костовски.

Македонското таеквондо постави исклучително високи критериуми за тоа што значи врвен спортски резултат, нема да запреме во квалитетно омасовување на овој убав олимписки спорт. Спортската државна историја мора да продолжи да се пишува.

To top